Објавено на:

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот на пролетта

t

Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски за време на состанокот со граничарите во регионот Хмелницки.

Кирил Буданов, шефот на украинската воена разузнавачка служба (ХУР), претходно изјави дека Украина треба да очекува обновен руски напад кон крајот на пролетта или почетокот на летото, а нападот ќе се интензивира околу источниот регион Донбас.

„Окупаторот сега се подготвува да го прошири својот напад. И сите ние – Украинците, војниците, државата, партнерите – мора да направиме сè за да го нарушиме рускиот план за напад“, рече Зеленски.

Часив Јар, град во регионот на Доњецк, останува една од клучните цели на Русија бидејќи може да го олесни понатамошниот напредок кон блиските градови Костиантнивка, Краматорск и Славјанск, рече Олександр Пављук, командант на украинските копнени сили.

„Русија има за цел целосно да ги окупира регионите Доњецк, Луганск и, ако е можно, Запорожје во 2024 година“, додаде тој, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Русија тврди дека погодила товарен брод со…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…