Објавено на:

Зеленски повторно понуди средба со Путин

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја повтори својата понуда да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за прекин на војната во Украина, објави АП.

„Украина никогаш не ја сакаше оваа војна и Русија е таа што мора да ја заврши војната што ја започна“, рече Зеленски во објава на Телеграм.

Зеленски во вечерното обраќање во понеделникoт објави дека украинската делегација ќе ја предводи поранешниот украински министер за одбрана Рустам Умеров, сега секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, на состанокот со руската делегација во среда, 23 јули.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека „потребна е многу работа пред детално да се разговара за можноста за состаноци на високо ниво“ и не прецизираше датум за разговорите во Истанбул во својата изјава.

„Немаме причина да очекуваме некакви магични пробиви, тоа е тешко возможно во сегашната ситуација“, рече Песков.

Путин ги отфрли претходните понуди од Зеленски за средба лице в лице за да се стави крај на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Украинските и западните претставници го обвинија Кремљ дека ги одложува разговорите за да може руската војска да заземе поголем дел од територијата на Украина.

Од почетокот на офанзивата на 24 февруари 2022 година, Русија моментално држи околу 20 проценти од територијата на Украина.

Претходните две рунди разговори меѓу руските и украинските делегации се одржаа во Истанбул, а руските медиуми објавија дека градот веројатно ќе биде домаќин на состанокот овој пат. Разговорите во мај и јуни доведоа до серија размени на воени заробеници и тела на паднати војници, но не доведоа до други договори, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…