Зеленски: Подготвени сме за разговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во Баку дека Украина е подготвена за разговори со Русија на територијата на Азербејџан, објави Укринформ.
Зеленски, кој престојува во официјална посета на Азербејџан, ја даде изјавата по средбата со претседателот Илхам Алиев. Тој посочи дека со Алиев разговарал за можноста за организирање директна средба меѓу Украина и Русија во Азербејџан.
– Разговаравме и за напорите за мир. За Украина е важно Русија да најде сила да ја заврши оваа неправедна војна. Високо ја цениме улогата на партнерите во посредувањето. Му кажавме на претседателот на Азербејџан дека сме подготвени за трилатерални разговори. Такви разговори веќе имавме во Турција и со американски партнери во Швајцарија – изјави Зеленски.
За време на посетата, Зеленски и Алиев потпишаа договори за соработка во областа на безбедноста и енергетиката.
Алиев изјави дека со Зеленски разговарале и за воено-техничка соработка, оценувајќи дека постојат значајни перспективи за развој во таа насока. Тој додаде дека Азербејџан и Украина меѓусебно се поддржуваат и ќе продолжат да го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на двете држави во сите меѓународни организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…