Зеленски предупредува: Подгответе се за најлошото, Путин е спремен да употреби нуклерано оружје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во изјава за Си-Ен-Ен предупреди дека „сите земји во светот“ треба да бидат подготвени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина.
Во интервју од кабинетот на претседателот во Киев, Зеленски рече дека Путин може да се сврти кон нуклеарно или хемиско оружје бидејќи не ги цени животите на Украинците.
– Не само јас – целиот свет, сите земји треба да бидат загрижени, рече тој. – За нив, животите на луѓето не вредат ништо. И ова веќе не е проблем само за Украина, туку и за целиот свет, оцени украинскиот претседател.
Претходно, во ноќното обраќање до нацијата, Зеленски рече дека Украинците треба да бидат горди што преживеале 50 дена под руски напади. Тој ја нарече руската инвазија апсурдна и самоубиствена. -Издржавме 50 дена. 50 дена руска инвазија, иако окупаторите ни даваа најмногу пет дена, рече тој. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…
Бугарија денес ја доби првата исплата од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Индија се откажа од купување на руските…
Индија го откажа договорот со Русија за…
Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!
Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…