Зеленски призна: Ќе биде тешко да се врати Крим, а уште потешко Донбас!

t

Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со студентите во Миколаев.

„Ќе биде потешко со Донбас. Верувам дека териториите им се враќаат на луѓето. таму веќе десет години има постојани конфликти“, рече тој, посочувајќи дека многумина загинале во тие битки.

Според Зеленски, неговите партнери му рекле дека е невозможно да се врати Крим и дека е многу тешко да се врати Донбас.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сомневање дека Украина некогаш ќе стане членка на Северноатлантската алијанса.

„Не знаеме точно што ќе се случи… Никој нема да ви каже со сигурност дали ќе бидеме во НАТО или не. Ние сакаме, но…“, рече тој.

Во исто време, Зеленски уште еднаш повтори дека Киев ги прифаќа стандардите на НАТО и дека мора да направи се за да се осигура дека „националната безбедност е на највисоко ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира…

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во…

Професионалните војници по 45 години ќе можат…

Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…

Манијак во Карпош – следел и допирал…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…

Скопјани преку нова платформа можат да пријавуваат…

Дива депонија, преполни контејнери, кабаст отпад и…