Зеленски пристигна во Берлин: Ќе бара оружје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Берлин. Тоа е прва посета на Зеленски на Германија од почетокот на руската војна со Украина во февруари 2022 година.
„Веќе во Берлин. Оружје. Моќен пакет. ПВО. Реконструкција. ЕУ. НАТО. Безбедност“, напиша Зеленски синоќа на Твитер.
Германскиот телевизиски канал N-TV претходно објави дека Зеленски ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа ќе отпатува во градот Ахен за да ја прими наградата Карло Велики.
Берлин во саботата соопшти дека останува многу посветен и сериозен во поддршката на Киев, потврдувајќи дека Германија ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра.
Во саботата Зеленски ги посети Италија и Ватикан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…