Зеленски: Путин е луд и мислам дека тој го знае тоа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не бил во здрав ум кога предложил технолошки дуел меѓу хиперсонични ракети и украинската противвоздушна одбрана.
„Лицето што седеше во Кремљ предложи ракетен дуел, тој рече: Ќе го таргетираме, да речеме, Киев, и ќе им дозволиме да се бранат со системи за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски на прес-конференција во Брисел, каде што разговараше со лидерите на земјите членки на ЕУ.
Тој додаде:„Дали мислите дека разумен човек може да го каже тоа? Тој е луд и мислам дека го знае тоа“, изјави украинскиот претседател.
Одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за примирје на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Зеленски рече дека Орбан нема мандат за такво нешто.
„Со сета почит, унгарскиот премиер нема мандат да организира преговори, неговите односи со Путин се „премногу топли“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека ништо не може да се реши без учество на Украина и дека неговата земја не може да живее со замрзнат конфликт на нејзина територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…