Објавено на:

Зеленски „разбира“ дека Крим ќе остане во Русија, вели Трамп

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговорите за решавање на конфликтот во Украина се одвиваат добро и дека мировниот договор е „многу блиску“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „разбира“ дека Крим ќе остане во Русија како дел од договорот и дека верува дека Украина никогаш нема да може да се приклучи на НАТО.

Во интервју за американскиот магазин „Тајм“, Трамп изјави и дека верува оти постигнувањето нуклеарен договор со Иран е возможно и дека не се шегувал кога зборувал за преземање на Гренланд, претворање на Канада во 51-та американска држава и преземање контрола врз Панамскиот канал.

Тој ги нарече првите 100 дена од неговиот мандат е „неоспорен успех“, велејќи дека го прави токму она за што водел кампања.

Коментирајќи ја неговата претходна изјава дека „ќе ја заврши војната во Украина на првиот ден“ од неговиот мандат, Трамп рече дека „тоа го кажува фигуративно“.

„И го кажав тоа како претерување, за да поентирам. Очигледно, луѓето знаат дека кога го кажав тоа, беше кажано на шега, но беше речено и дека ќе заврши“, објасни Трамп.

Тој повтори дека војната во Украина „никогаш немаше да се случи“ доколку тој беше претседател, наведувајќи дека „тоа е војна на Бајден“.

На прашањето дали е можен мир во Украина додека Владимир Путин беше на чело на Русија, Трамп одговори дека „мисли дека мирот е можен“.

„Мислам дека со мене како претседател, тоа е можно… Ако некој друг биде претседател (на САД), нема шанси. Да, мислам дека Путин ќе го стори тоа. Мислам дека Путин повеќе би сакал да го направи тоа поинаку. И мислам дека поради мене, верувам дека јас сум единствениот што може да преговара за ова –  рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…