Зеленски се надева дека Украина ќе ги отпочне преговорите со ЕУ во декември
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти лидерите на Европска Унија ќе се согласат да ги отворат преговорите за членство на следниот Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 14 и 15 декември во Брисел.
ЕК во октомври препорача отворање формални преговори за членство на Украина во ЕУ, но разговорите не можат да почнат доколку не се согласат сите 27 земји-членки на Унијата.
– Веруваме дека ЕУ ќе биде подготвена да го направи својот дел … така што до крајот на годината во декември резултатот ќе биде политичка одлука за почеток на пристапните преговори, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и молдавската претседателка Маја Санду, чија земја исто така бара членство во ЕУ.
Мишел истакна дека се ќе направи за да ги убеди колегите дека е потребна одлука во декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…