Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е многу подобра
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на бојното поле е подобра отколку во последните три месеци и дека руските сили повеќе не напредуваат по минатомесечното заземање на источниот град Авдиевка.
Во интервју за француската телевизија БФМ (BFM), Зеленски кажа дека Украина ја подобрила својата стратешка позиција и покрај недостигот на оружје, но посочи дека ситуацијата може повторно да се промени доколку не добие нови пратки.
-Ситуацијата е многу подобра отколку што беше во претходните три месеци, рече Зеленски. „Имавме одредени потешкотии поради недостигот на артилериски гранати, воздушната блокада, руското оружје со долг дострел и високиот интензитет на напади од руски беспилотни летала. Работевме на многу ефикасен начин… против руските воздухопловни сили. Се опоравивме на исток. Напредокот на руските сили е запрен“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум месеци затвор за човекот кој ги…
Осум месеци затвор и укинување на притворот…
Се размислува за електронска наплата за патарините,…
Се размислува за воведување електронска наплата на…
Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…
Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…
На бебе со ножици му бил отсечен…
Сериозен случај е пријавен на Клиниката за…
Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…
Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…