Зеленски со онлајн говор го отвора годинашниот Светски економски форум во Давос
Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот Светски економски форум (СЕФ) што од утре до четврток ќе се оддржи во Давос, јави ДПА.
Меѓу другото, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.
Првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн. Подоцна како гости на форумот се очекува да се обратат и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.
Утре претпладне се очекува да зборува и германскиот министер за економија Роберт Хабек кој на панелот ќе објаснува како Германија да стане помалку зависна од руската енергија, пренесува ДПА.
Германскиот канцелар Олаф Шолц говорот во Давос треба да го одржи во четврток.
На четиридневниот состанок во швајцарските Алпи, за меѓународните проблеми ќе разговараат речиси 2.500 учесници од политиката, бизнисот и општеството.
Мотото на овогодинешниот состанок е „Историјата во пресвртна точка: владини политики и бизнис стратегии“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…