Објавено на:

Зеленски: Трамп може да ни помогне да го запреме Путин

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека „непредвидливоста“ на Доналд Трамп, кој треба да ја преземе функцијата во Белата куќа на 20 јануари, може да помогне да се стави крај на војната во Украина.

„Потегот на Трамп може да биде одлучувачки во оваа војна. Тој може да ни помогне да го запреме Путин. Тој е многу силен и непредвидлив“, рече Зеленски во телевизиско интервју, оценувајќи дека новоизбраниот американски претседател „навистина сака да стави крај на војната“.

„Навистина би сакал оваа непредвидливост на Трамп да важи и за Русија“, додаде тој.

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ги буди надежите во Киев за одлучувачки одлуки по речиси три години војна, но и стравувањата дека американската воена и финансиска помош, која републиканецот често ја критикуваше, може да се намали.

Зеленски долго време одбиваше да преговара за крај на војната со Путин, но неодамна го омекна својот став, согласувајќи се привремено да се откаже од обидот да ја ослободи целата територија окупирана од Москва во замена за безбедносни гаранции на НАТО и поголема помош во оружје.

Тој оцени дека безбедносните гаранции за Украина кои нема да ги вклучуваат САД ќе бидат „слаби гаранции“.

Неколку европски земји, вклучително и Франција, изнесоа идеја за можно распоредување на воен контингент во Украина во случај на мировен договор, но Зеленски истакна дека таквата иницијатива не смее да го замени пристапот на Украина во НАТО.

„Не би сакале само една или две земји да бидат за оваа иницијатива. Апсолутно е неопходно оваа иницијатива да оди во смисла на НАТО. Тоа не значи дека распоредувањето на европските сили ја исклучува иднината во НАТО“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…

Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…

На 26 ноември 2026 година во 10:15…

Регулаторна потврди – од први декември парното…

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува…

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Две и пол години казна затвор наркодилерот…

Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна…