Објавено на:

Зеленски: Украина е под закана од масoвни руски воздушни напади

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди за непосредната закана од масовни комбинирани руски воздушни напади со дронови и ракети во следните 24 до 48 часа, пренесува Си-би-ес.

„Имаме разузнавачки информации, потврдени од нашите американски и европски партнери, кои потврдуваат дека Русија подготвува напад од големи размери“, изјави Зеленски.

Претседателот го повика украинското население да биде исклучително претпазливо и да се засолни штом ќе бидат издадени предупредувањата, прецизирајќи дека Москва се подготвува истовремено да користи бранови камикази дронови, како и крстосувачки и балистички ракети.

Покрај военото влијание, украинскиот претседател тврди дека руската кампања на терор има јасни цели, оркестрирани од рускиот претседател Владимир Путин, а тоа е да се тестираат реакциите на НАТО.

Зеленски верува дека лидерот на Кремљ се обидува да ја процени западната кохезија, додека одржува психолошки притисок и стратегија на „заплашување“ на соседните земји-членки на НАТО на Украина.

Украинскиот претседател изрази верување дека војната на Блискиот Исток го одвлекува дел од меѓународното внимание од конфликтот во Украина, но потврди дека консултациите со партнерите на Киев продолжуваат.

Зеленски на социјалната мрежа Х наведе дека Русија само во текот на изминатата недела лансирала повеќе од 2.300 ударни дронови, околу 1.560 наведувани авионски бомби и 108 ракети од различни типови.

„Сите овие напади беа насочени кон цивилна инфраструктура, станбени објекти и енергетски капацитети“, истакна украинскиот претседател.

Тој нагласи дека Украина секојдневно работи на зајакнување на воздушната одбрана и потврди дека земјата добила нов лансер од германскиот противвоздушен систем ИРИС-Т.

Зеленски ѝ се заблагодари на Германија за континуираната воена поддршка, оценувајќи дека благодарение на ваквите системи биле спасени илјадници животи.

Истовремено, тој порача дека на Украина ѝ се потребни дополнителни ракети за противвоздушна одбрана за поефикасно справување со руските напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…