Зеленски ја испофали Трас: Отсекогаш била на просветлената страна на европската политика
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека идната британска премиерка Лиз Трас отсекогаш била на просветлената страна на европската политика и дека Киев со нетрпение очекува понатамошна соработка со неа.
„Ние добро ја познаваме во Украина. Таа отсекогаш била на просветлената страна на европската политика“, рече Зеленски во своето вечерно видео-обраќање откако претходно опширно го пофали нејзиниот претходник Борис Џонсон, пренесе Ројтерс.
„Верувам дека заедно ќе можеме да направиме многу повеќе за одбрана на нашиот народ и неуспех на сите деструктивни руски напори“, посочи тој.
Трас денеска го победи поранешниот министер за финансии Риши Сунак на внатрепартиско гласање во трката за лидер на владејачката Конзервативна партија.
Таа ќе стане премиер кога утре кралицата Елизабета Втора ќе ја повика да формира нова влада на приемот во замокот Балморал во Шкотска.
Претходно, актуелниот британски премиер Борис Џонсон, кој поднесе оставка на 7 јули, треба да и ја предаде оставката на кралицата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…