Зеленски ѝ се заблагодари на Србија за поддршката за суверенитетот на Украина

t

Претседателот Александар Вучиќ вчера изјави дека гласот на Србија се слушал со почит на самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана и дека со претседателот на Украина Володимир Зеленски досега имал најотворен разговор.

„Ми се чини дека овде со почит се слуша гласот на Србија. Тоа можеше да го слушнете од домаќинот, но и од многу други, па дури и од претседателот Зеленски, кој кога зборуваше покажа почит кон Србија, но и за времетраењето на нашата билатерална средба“, рече Вучиќ.

За тоа каква била нивната средба и за што разговарале, Володимир Зеленски напишал на својот профил на „Х“.

– Се сретнав со претседателот Александар Вучиќ и ѝ се заблагодарив на Србија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за хуманитарната и финансиската помош и за добредојде на Украинците кои избегаа од војната. Ја забележав важноста на учеството на Србија во спроведувањето на Формулата за мир. Се договоривме за понатамошни контакти со цел да ја прошириме глобалната поддршка за Формулата. Го информирав претседателот Вучиќ за моменталната состојба на фронтот. Разговаравме и за безбедносните и политичките предизвици во Источна Европа – напиша Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…

Пратениците во Народното собрание на Србија ја…

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…

Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…

Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…