Објавено на:

Зеленски oбвинува: Бајден шири паникa и лaжни вести за опacноста од руска инвазија

t

Разговорот меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот не помина добро, изјави висок украински функционер за Си-Ен-Ен, бидејќи лидерите не се согласиле за нивото на ризик од рускиот напад.

Сепак, Белата куќа ги оспори тврдењата на украинскиот функционер, предупредувајќи дека анонимни извори шират лажни тврдења.

Белата куќа соопшти дека Бајден го привлекол вниманието на Зеленски на фактот дека претстојната инвазија на Русија е многу можна.

За време на разговорот, за кој украинскиот функционер рече дека бил долг и искрен, Бајден го предупредил својот украински колега дека можеби е неизбежен руски напад, велејќи дека инвазијата сега е речиси сигурна, според официјалниот претставник.

Сепак, Зеленски го повтори ставот дека заканата од Русија е сè уште опасна, но двосмислена и не е сигурен дали нападот навистина ќе се случи, додаде функционерот.

Зеленски во петокот вечерта рече дека не може да ја исклучи натамошната ескалација на тензиите со Русија, но рече и дека Украина не е Титаник што тоне и го критикуваше Вашингтон за преголема паника што ја оптоварува економијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…