За побрзо решавање на случаите косовската полиција наскоро ќе вгради камери во униформите
Припадниците на косовската полиција наскоро ќе имаат инсталирани камери на униформите за да ги снимаат сите неправилности на терен и да го забрзаат решавањето на случаите, објавија косовските медиуми.
Благодарение на овие уреди, кои се во фаза на тестирање, полицијата ќе има увид и видео снимка од полициските активности, соопшти косовската полиција.
„Тие камери се автентичен доказ што ќе покаже како се случил настанот, ќе влијае и на аспектот на борбата против криминалот бидејќи многу може да се претворат во докази во зависност од настанот“, вели поранешниот функционер на КПС, Рахман Сулејмани.
Од полицијата велат дека тестирањето прво се прави кај сообраќајните полицајци, а потоа се продолжува со останатите.
Во зависност од единицата во која работат, ќе се избере начинот на поставување на камерата, а со новата опрема се очекува да се следи и однесувањето на полицајците, што ќе му помогне и на Полицискиот инспекторат на Косово.
Како што пишуваат „Репортери“, овој проект е поддржан од САД, како форма на следење на полициските активности кои се спроведуваат на терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…