Зибери: Има сериозна повреда на правата на граѓаните на Онкологија
Примерот на Онкологија е само еден од примерите кои најпластично ги покажуваат проблемите со кои се соочуваме во здравството и морам да констатирам дека има сериозна повреда на правата на граѓаните во здравствената заштита, кои се надевам дека ќе добијат судски епилог, изјави народниот правобранител Насер Зибери во Штип во одговор на новинарско прашање.
Информираше дека уште пред шест месеци бил отворен предмет за недостиг на потребните лекарства за тертман на пациентите на Онкологија.
-Се надевав многу дека со доаѓањето на новиот министер ситуацијата ќе се подобри и уште тогаш реков дека ние ќе ја следиме состојбата и тоа не само во делот на Онкологија, туку и во други области од здравствената заштита, како што беше отсуството на лекот „трикафта“, за болните од церебрална парализа, околу проширувањето на палетата на лекови кои ги рефундира Фондот за здравство, проблемите кои се појавуваат со „Мој термин“ за кој цениме дека е не е доволно ефикасен и понекогаш нефукционален, но како одминува времето се гледа дека проблемите во тој ресор се сериозни- додаде омбудсманот Зибери, кој денеска во Штип учествуваше на таботилница на тема „Соработката на локалната самоуправа со народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО ДПМНЕ: Додека инфлацијата во еврозоната достигна…
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС продолжува со…
Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…
Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…
Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…