Зибери револтиран: Претставниците на Омбудсманот кај и да е ќе мора и чевлите да ги соблечат за да влезат во Идризово

t

Последните две посети на претставниците на Народниот правобранител во затворот Идризово се соочуваат со сериозни проблеми, затоа што новиот директор на затворот ги третира претставниците на Омбдусманот како посетители.

-Да не можат да влезат, ќе им се направи проверка, дали носите ова, па дали носите ова, па дури до соблекување на чевлите. Тоа е недозволиво!

Често пати од пријавувањето до влезот во затворот им трае од половина до еден час. За еден час таму може целосно да се промени ситуацијата и Народниот правобранител да добие сосема друга слика. Затоа се обратив до Управата за извршување на санкции и барав да се преземат мерки, рече Народниот правобранител Насер Зибери во вечерашната Топ Тема.

Откако партијата Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство, во затворот Идризово беше именуван директор од оваа партија. Омбдусманот алармираше дека во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, бидејќи на голем број судии и јавни обвинители им завршуваат функциите, а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број.

– Тука сигурно една од првите жртви ќе бидат токму постапките кои се итни и за кои треба брзо да се реагира. Но, за жал ситуацијата е таква и мислам дека многу брзо треба да се реагира, изјави Зибери.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со…

43-годишен осуденик од затворот Идзризово кој користел…

Спасовски: МВР започнува реконструкцијата на Центарот за…

Започнува реконструкцијата на Центарот за обука во…

Осуденик се обидел да избега од Идризово

МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел…

АРМ ќе го санкционира војникот кој носел…

АРМ презеде мерки против професионалниот војник кој…