Златото и кафето рушат рекорди, цената на литиумот паѓа

t

Цените на златото и кафето рушат рекорди, а цената на литиумот паѓа. Според податоците на ММФ, цените на примарните производи во август се намалени за 2,3 отсто во однос на јули 2024 година, пишува интернет порталот Макроекономија.орг.

Истовремено, суровините во август биле за 0,9 отсто поскапи отколку во август 2023 година. Споредено со рекордното ниво на цените, тие се за 32,8 отсто пониски. Во август глобалните цени на земјоделските производи се намалени за 2,1 отсто во однос на претходниот месец, но во однос на истиот месец лани се повисоки за 1,9 отсто.

Металите поскапеа од август 2023 година за 12,3 отсто, додека енергијата поевтини за пет отсто. Ако ги споредиме августовските цени со рекордно ниво, земјоделските производи поевтинија за 18 отсто, металите за 6,3 отсто, а енергијата за дури 52,5 отсто.

Како и претходните неколку месеци, во август беа постигнати нови рекордни цени на кафето и златото. Фината унца злато на лондонската берза достигна 2.468 долари. На годишно ниво, ова е поскапување на златото за 28 отсто, а на кафето за дури 72 отсто.

Интересно е што цената на литиумот продолжи да паѓа. Литиумот поевтини за 6,1 отсто во однос на јули 2024 година, а дури за 56,8 отсто во однос на август 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…

Владата ќе ги опомени трговците што се…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Македонија има најниски туристички цени во Европа

Македонија е меѓу најисплатливите европски дестинации за…