Змии и гуштер шверцувани под седиште: На Богородица откриени осум живи влекачи
Царинските службеници на граничниот премин Богородица, во соработка со полицијата, спречиле нелегален внес на седум млади змии и еден гуштер во Македонија, соопшти Царинската управа.
Влекачите биле откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин.
Според Царината, животните биле спакувани во кутии и марами и скриени под седиштето на автомобилот.
Меѓу откриените змии имало четири питони, а најголем дел од влекачите се видови чија меѓународна трговија е строго регулирана. Во пратката била пронајдена и една отровна змија.
Животните ќе бидат предадени на надлежните институции, а против возачот е поведена соодветна постапка.
Од Царинската управа потсетуваат дека внесот и трговијата со заштитени животински видови се регулирани со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна – CITES, за што се потребни соодветни дозволи.
„Секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес“, порачуваат од Царинската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…