ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства
Движењето ЗНАМ остро ги осуди, како што наведува, сите обиди за глорификација, релативизација или оправдување на воени злосторства и воени злосторници.
Во реакцијата од партијата посочуваат дека односот кон воените злосторства, жртвите и правосилните пресуди на меѓународните судови не смее да биде предмет на дневнополитички калкулации.
„За нас не постојат двојни стандарди кога станува збор за почитувањето на жртвите, меѓународното право и цивилизациските вредности. Ниту еден воен злостор не може да биде оправдан и ниту еден правосилно осуден воен злосторник не може да биде претставуван како пример за почит или восхит“, велат од ЗНАМ.
Од партијата се осврнаа и на спорната објава на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, нагласувајќи дека станува збор за личен став кој, според нив, не може да се поистоветува со ставот на Владата.
Од ЗНАМ додаваат дека одговорноста за јавното постапување и личните ставови треба да се преземе лично и институционално.
Воедно, партијата ја отфрла критиката дека „молчи“ за случајот, посочувајќи дека не прифаќа опозицијата да го диктира времето и начинот на нивните реакции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени…
Движењето ЗНАМ остро ги осуди, како што…
И Димитриевски ја оспорува последната анкета, објави…
И Максим Димитриевски ја оспорува последната анкета…
Димитриевски демантира дека ЗНАМ се распаѓа
По најновите обвинувања од СДСМ, претседателот на…
„Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0“,…
Опозициската СДСМ преку соопштение денеска обвини дека…
ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – политичко дежа…
Конгресот на СДСМ беше претставен како нов…