„Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0“, велат од СДСМ
Опозициската СДСМ преку соопштение денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски работи на формирање на нов политички субјект, кој го нарече „ЗНАМ 2.0“, со цел, како што велат од партијата, да се влијае врз распределбата на опозициските гласови на следните избори.
Од СДСМ оценуваат дека ЗНАМ веќе ја губи поддршката кај граѓаните и дека во партијата постојат внатрешни несогласувања меѓу нејзините челници.
„Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит – ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата тврдат дека власта се соочува со пад на поддршката и оти, според нив, недостигаат конкретни резултати во работењето на Владата.
СДСМ оценува дека формирањето на, како што го нарекуваат, „ЗНАМ 2.0“ претставува обид за политичка манипулација, додавајќи дека граѓаните веќе ги препознаваат ваквите, како што велат, политички стратегии и нема да дозволат да бидат доведени во заблуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…