Значителен пад на инфлацијата во Албанија: Ова е причината
Нивото на цените на потрошувачката во Албанија во март забележале значително намалување, што условило пад на инфлацијата.
Според државниот завод за статистика, ИНСТАТ, во март инфлацијата паднала на 5,3 отсто од 7,1 отсто колку што била во февруари.
„Главното влијание на намалувањето на инфлацијата имаа цените на горивата, кои во март се продаваа по пониски цени во однос на периодот пред почетокот на руско-украинскиот конфликт. Во моментов литар дизел во земјава се продава за 184 лека (1,6 евра), додека бензинот за 186 лека, наведува ИНСТАТ.
Незначителен раст на цените во месец март главно има во групата „храна и безалкохолни пијалаци“ за 3,94 проценти, а потоа следат групата „кирија, вода, гориво и енергија“ и „мебел и апарати за домаќинство“.
„Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за албанската економија, но и можност за намалување на основните каматни стапки. Во текот на минатиот месец основната каматна стапка достигна 3 проценти што има директно влијание врз цената на кредитите. Централна банка на Албанија предвидува дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува со брзо темпо во останатите месеци и се очекува за да се врати на целта поставена од банка кон средината на следната година“, наведува ИНСТАТ.
Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така, во ноември беше 7,9 во декември 7,4 и во јануари 7,2 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Инфлацијата во август е 2,6%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…
