Зошто бананите се секогаш број 1 на вагите во супермаркетите?

t

Речиси во секој маркет кога купувате банани ќе треба да ги измерите на вага, а тогаш ќе го притиснете бројот 1. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто бананите секогаш се означени со тој број, кој најлесно се памети?

Низ историјата бананите традиционално биле најпродаваното овошје во продавниците, а и денес ситуацијата не е премногу променета, за што сведочат податоците на американскиот малопродажен гигант Walmart, кој во 2015 година објави дека бананите се најпродаван производ на годината во нивните продавници.

Ситуацијата во Македонија е иста; бананите се секогаш во првите пет најпродавани производи во секоја продавница, од маалските самопослуги со само неколку намирници до големите синџири на маркети. Дополнително, кога на етикетите на вагата за тежина се пристапува по азбучен ред, бананите се исто така на врвот на листата. Се разбира, производите како артичока, ананас или авокадо доаѓаат по азбучен ред пред бананите, но поради нивната популарност и честотата на купување, бананите го задржале бројот 1 на вагата.

Интересни факти за бананите

Во светот постојат илјада видови банани, а се одгледуваат во 150 различни земји. Бананите не се сезонско овошје бидејќи може да се одгледуваат во текот на целата година, а најмногу банани се консумираат во Руанда – 279 кг банани по глава на жител.

Прехранбената индустрија користи скала со 7 бои за да ја одреди зрелоста на бананите, некои претпочитаат целосно зелени банани што ги готват пред конзумирање, додека други купуваат речиси кафени банани кои поради нивната сладост се одличен додаток на колачи и разни домашни пијалаци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре и задутре невреме со пороен дожд,…

Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

Нема регистриран ниту еден пациент поради конзумирање…

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега…

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во…

Интензивно се интервенира на терен во моментов…

Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…

Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…