Зошто не го направиме Уставот како бугарскиот да нема етнички заедници?

t

Мислев дека интенцијата е за следниве 3-4 месеци да се смени Уставот, како што беше со Преспанскиот договор, да се убедат шест пратеници. Сега толку недостасуваат и мислев дека до крајот на годината навистина би почнале преговори. Сега со овие сите рокови е реалистично дека ова ќе потрае две години интерното убедување дали ќе го воопшто ќе го смениме Уставот, вели политичкиот аналитичар Александар Кржаловски од МЦМС.

Во однос на тоа дали овој договор со Бугарија е реципрочен, Кржаловски вели дека многу повеќе има обврски македонската страна, отколку Бугарија.

-Министерот Османи го објаснува тоа дека не ни се исти уставите со Бугарија. Тогаш зошто не го направиме целиот Устав како бугарскиот, да нема етнички заедници? Но тогаш нема да им се допадне на дел од граѓаните. И Бугарија е мултикултурна, тоа е проблемот, нема држава која не е мултикултурна. Се сомневам дека и самиот министер би се согласил да не пишува Албанци. Или Бугарија да направи како нас во поглед на Уставот, посочува аналитичарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

БОМБА НА БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ: Идејата за Бугари…

Одлуката на американското Министерство за финансии да…

Кацарска: Упатството за водење матична евиденција е…

Упатството за водење на матична евиденција е…

Белорусија го смени Уставот, се откажа од…

Институтот за проучување на војната (ISW) во…

Ковачевски му врати на Радев: Наследниците на…

Амандманите на Уставот се дел од преговарачката…