Објавено на:

Игра паметно: Швајцарија неутрална кон санкциите за Русија

t

Швајцарија е во контакт со други земји во врска со можните санкции против Русија поради интервенција во Украина и можеби нема да реагира веднаш, соопшти швајцарската влада.

Доколку против Русија бидат воведени нови меѓународни санкции, швајцарскиот кабинет ќе ја анализира ситуацијата и потоа ќе одлучи што ќе преземе, доколку одлучи нешто да преземе, информира Владата.

„-Затоа, швајцарските мерки не можат да бидат усвоени истовремено со оние на другите земји, соопшти швајцарското Министерство за економија како одговор на прашање од новинарите.

-Сепак, можеме да потврдиме дека швајцарските власти се во контакт со неколку земји за размена на информации за моменталната ситуација, додаваат тие.

Неутрална Швајцарија не ги усвои санкциите наметнати од ЕУ кон Русија поради нејзината анексија на Крим во 2014 година и наместо тоа спроведе сопствени мерки за да спречи земјата и нејзиниот финансиски центар да се користат за заобиколување на европските санкции. Според меѓународното право, Швајцарија мора да ги спроведе само оние санкции наметнати од Советот за безбедност на ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…