ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол старо дете крваво искасано од улично куче – семејството бара итна реакција од институциите
Јасин Мустафа, дете од година и пол, било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители за „Рома Прес“.
Според нивното сведоштво, кучето најверојатно влегло во дворот, додека членовите на семејството биле заедно на терасата. Детето во моментот било малку пооддалечено од останатите. Кога мајката започнала да го брка кучето, тоа, според кажувањето на семејството, се нафрлило врз детето.
Во нападот, детето се здобило со повеќекратни каснувања и повреди по целото тело, вклучително и во пределот на лицето, увото и предниот и задниот дел од трупот. Детето веднаш било пренесено во здравствена установа, каде што му била укажана медицинска помош.
Од доставената медицинска документација се гледа дека случајот е евидентиран како каснато или удрено од куче (МКБ-10: W54). Во извештајот е наведено дека детето примило Verorab 0,5 ml s.c., како и дека е потребно да продолжи со предвидените дози и да прими антирабичен серум согласно медицинската проценка. Во документот е наведена и препорака за продолжување со редовната вакцинација според календарот за имунизација.
Имено, случајот е пријавен во полиција, а родителите ангажирале и правен застапник – адвокатот Емран Исмаил.
По немилиот настан, кој за жал не е за прв пат семејството и граѓаните од Шуто Оризари апелираат и бараат веднаш надлежните институции, особено до Градот Скопје, итно да преземат мерки за справување со проблемот со агресивните улични кучиња, со цел да се спречат нови случаи и да се обезбеди поголема безбедност за граѓаните, особено за децата.
Напомена: „Рома Прес“ располага со медицинска документација поврзана со случајот, која потврдува дека детето било третирано поради каснување од куче. Редакцијата не го утврдува идентитетот или потеклото на кучето независно од исказот на семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
(Видео) Успешна револуционерна операција на бебе во…
Лекари извршиле револуционерна операција на неродено бебе…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…
На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…