Избегната трагедија: Два авиона за малку ќе се судреле на небото над Скопје
На 7 септември, над Меѓународниот аеродром во Скопје, се случи инцидент во воздухот кога два авиони се нашле на иста висина и за малку ќе се судриле. Едниот авион бил на летот ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул, додека другиот бил на летот за Лондон на „Санекспрес“, јави СДК.
Инцидентите во воздухопловството секогаш предизвикуваат интерес и загриженост. Воздухопловните власти, сега го испитуваат случајот. Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, и дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември.
Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста висина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Среќата била на нивна страна, но ова е прилика да се прегледаат процедурите и безбедносните мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…
Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во…
Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
