Избрана компанија за изградба на далекуводот што ја поврзува Македонија и Албанија

t

„Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира проектот кој ќе ја воспостави клучната енергетска поврзаност помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. По спроведената меѓународна постапка преку системот за е-набавки на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), отворен на 25.04.2025 година, и по детална евалуација на пристигнатите понуди, како најповолен понудувач е избран меѓународниот конзорциум предводен од DALEKOVOD d.d. од Хрватска. Вкупната вредност на прифатената понуда изнесува 19.696.200,85 евра“, извести АД МЕПСО.

„Целата постапка беше водена согласно строгите политики за набавки на ЕБРД, што претставува гарант за транспарентност и објективност. Овој избор доаѓа по стратешки неопходната одлука на раководството за раскинување на претходниот договор кој го компромитираше и одолговлечи проектот. Таа постапка беше водена строго според меѓународните ФИДИК (FIDIC) стандарди. Во насока на заштита на државниот интерес и финансиска ефикасност, АД МЕПСО обезбеди континуитет на инвестицијата: 51,2% од потребната опрема е веќе испорачана од претходниот изведувач, истата е во сопственост на МЕПСО и ќе биде вградена од страна на новоизбраниот изведувач, со што се спречи финансиска штета по компанијата. Со потпишувањето на Договорот ќе започне реализацијата на работите со рок на извршување од 900 дена (30 месеци). Реализацијата на овој проект го затвора единствениот отворен крак во нашиот преносен систем, овозможувајќи комплетирање на регионалниот енергетски Коридор 8 и значајно подобрување на напонските прилики во југозападниот дел на земјата. АД МЕПСО останува посветен на транспарентно, отчетно и ефикасно спроведување на капиталните проекти од витален интерес за енергетската стабилност на државата“, соопштуваат од АД МЕПСО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

(Видео) Историска снимка од првата средба на…

Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…

СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…