Известени по мејл: „Џенерал моторс“ отпушти околу 1.000 работници
Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ преку електронска пошта информираше приближно 1.000 работници во сите сектори дека повеќе не смета на нив поради реорганизација и желба да се намалат трошоците, пренесува Си-Ен-Ен повикувајќи се на анонимен информиран извор.
Некои отпуштања се последица на лош учинок, а некои се резултат на промена на приоритетите на компанијата, додаде изворот.
Портпаролот на „Џенерал Моторс“, Кевин Кели, ги потврди отпуштањата, но одби да го соопшти точниот број на луѓе кои останаа без работа.
Според него, за победа на конкурентниот пазар потребна е оптимизација на бизнисот, правилна структура на тимот и фокусирање на врвните приоритети, така што „Џенерал Моторс“ бил принуден „малку да го намали“ својот тим.
Компанијата во август отпушти повеќе од 1.000 вработени од одделот за софтвер и услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…