Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја предупредил Русија за последиците од можен напад врз НАТО
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил Русија дека напад врз сојузниците на НАТО би можел да предизвика сериозна ескалација, за време на неговата посета на Москва, објавија Wall Street Journal и Politico, повикувајќи се на неименувани извори.
Според Politico, Ретклиф особено предупредил на ризикот за источните членки на НАТО, вклучително и балтичките земји.
Wall Street Journal објави дека предупредувањето доаѓа во контекст на проценките на американските разузнавачки служби дека рускиот претседател Владимир Путин би можел во следните години да изврши „ограничен напад“ врз членка на НАТО.
Белата куќа засега не одговорила на барањата за коментар. Американскиот претседател Доналд Трамп посетата на Ретклиф ја опиша како „половина чекор“, додавајќи дека САД сакаат да видат крај на војната во Украина.
Според CBS News, за време на престојот во Москва Ретклиф разговарал и за војната во Иран.
Кремљ потврди дека Ретклиф бил во контакт со руските разузнавачки служби, но соопшти дека не се сретнал со Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ додаде дека Путин бил информиран за содржината на разговорите, без да открие детали.
Ретклиф во Москва отпатувал во ненадејна и непријавена посета. Тоа е негово прво познато патување во руската престолнина откако во 2025 година ја презеде функцијата директор на ЦИА и една од највисоките американски посети на Русија од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…