Изгаснати се пожарите кои утрово избувнаа во Македонска Каменица

t

Изгаснати се пожарите кои утрово избувнаа во близина на градската депонија и ХЕЦ „Калиманци” во Македонска Каменица.

Во гаснењето на терен учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица и доброволното противпожарно друштво „Саси” од Македонска Каменица од каде информираат дека интевенирано е на два пожара кои се појавиле на таа локација.

-Комбиниран тим од ТППЕ Македонска Каменица и ДПД „Саси” денеска интервенираа на два пожара, еден во близина на хидроцентрала Калиманци и вториот во непосредна близина на градската депонија. Пожарите се локализирани, а тимовите се уште се на терен и работат на спречување на повторно палење, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

Упатија апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и веднаш да пријавуваат несовесно однесување во природа.

-Ова е период кога пожарите се чести поради што апелираме на совесност на граѓаните и навремено пријавување на секоја појава на огнена стихија, додадоа од ТППЕ Македонска Каменица.

Како што дополнија, пожарите се меѓу ретките кои годинава се регистрирани на подрачјето на Општина Македонска Каменица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…