Изгоре покрив на поранешна касарна во Куманово

t

Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Три противпожарни екипи и шестина пожарникари интервенирале вчера на пожарот во периодот од повеќе од два часа.

Објектот чиј покрив бил зафатен од пожар се наоѓал во внатрешноста на поранешната касарна.

На просторот на поранешната касарна во Куманово површина сместени се две училишта, во моменов тече изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“, а лоцирани се и подрачни единици на државни институции.

Вчера пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален оџак во село Доброшане, како и на запалена сува трева во селата Табановце и Косматац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…

Нов случај на затруено дете во Куманово,…

Уште еден нов случај на затруено дете…