Измамен уште еден охриѓанец – сакал да врати 6.000 денари, му зеле 6.000 евра

t

На 26.11.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра, соопшти МВР.

„Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем. Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на негова сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата, ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од вкупно 6.000 евра“, пишува во полицискиот билтен.

Охриѓанецот потоа повеќе не ги видел парите и не можел да исконтактира со измамникот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…