Измамници испраќаат лажни пораки за паркинг во Скопје, се закануваат со казни од 20.000 денари
Закани за високи парични казни и суспензија на регистрацијата на возилото добиваат граѓаните преку лажни СМС-пораки во кои се бара плаќање на наводни долгови за паркирање. За новиот обид за измама алармираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, чие име и лого се злоупотребуваат од непознати испраќачи.

Во пораките се тврди дека примателите имаат неплатени обврски за паркирање, а како начин за подмирување на долгот се испраќаат линкови до лажни интернет-страници. На граѓаните им се закануваат со казни од најмалку 20.000 денари, како и со суспензија на регистрацијата на возилото доколку не ја извршат уплатата.
Од ЈП ПОЦ информираат дека немаат никаква поврзаност со овие пораки и дека станува збор за фишинг-измама, чија цел е прибирање лични и финансиски податоци.
Граѓаните се повикуваат да не ги отвораат испратените линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички и да не вршат никакви уплати преку страниците наведени во пораките.
За оние кои веќе ги споделиле своите банкарски податоци или извршиле плаќање, од претпријатието советуваат веднаш да ја контактираат банката и случајот да го пријават во Министерството за внатрешни работи.
Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ посочуваат дека сите информации за евентуални обврски треба да се проверуваат исклучиво преку официјалната веб-страница www.poc.mk, електронската адреса [email protected] или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.
Претпријатието апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не дозволат да станат жртви на измама и злоупотреба на нивните лични податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамници испраќаат лажни пораки за паркинг во…
Закани за високи парични казни и суспензија…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…