Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

t

Во Босна и Херцеговина осамна исклучително студено утро. На Бјелашница, во селото Ракитница, измерени се дури минус 6 степени. Во Босна и Херцеговина денеска ќе преовладува сончево време, со постепено наоблачување во попладневните часови. Во текот на ноќта се очекуваат дожд и локални врнежи, кои на места може да бидат проследени со грмежи.

Ќе дува слаб ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, на југ до 14, додека дневната ќе достигне од 18 до 24 степени, а на југ до 27 степени.

И во Македонија како и во регионот, наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност, во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар.

Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…

Во Барселона во саботата попладне се одржаа…

(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…

Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…

(Фото) Вучиќ чека во ред за да…

Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…

Хакиран телефонот на зетот на Трамп: Кушнер…

Телефонот на Џаред Кушнер, зетот на американскиот…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…