Објавено на:

Изненадување: Новак Ѓоковиќ е номиниран за спортист на годината од Би-Би-Си

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, е меѓу номинираните за наградата спортист на годината што ја доделува британски „Би-би-си“.


Новак Ѓоковиќ по исклучително успешната сезона се најде на листата со кандидати што ја објави Би-Би-Си за наградата за најдобар спортист на годината, која претходно ја доби Лионел Меси.
Српскиот ас е голем фаворит, а меѓу номинираните се и Ерлинг Халанд, фудбалерот на Манчестер Сити, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, Симоне Билес, американската гимнастичарка, Ајтана Бонмати, фудбалерка на која ѝ беше доделена „Златната топка“.


Минатата година добитник на наградата беше Лионел Меси за водењето на Аргентина до трофејот на Светското првенство, но оваа година достигнувањата на Новак се поголеми од сите други претенденти.
Српскиот ас сезонава освои три Грен слем турнири, на еден стигна до финалето, а беше и шампион на завршниот Мастерс во Торино. Би-Би-Си истакнува дека Новак го израмни рекордот по број на освоени Грен слем со познатиот Маргарет Корт, како и го надмина рекордот на Штефи Граф по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата.
Покрај тоа, Ѓоковиќ по осми пат во кариерата ја заврши сезоната како број еден, а годинава освои вкупно седум титули.


Гласањето за спортист на годината е отворено до 12 декември, а конечните резултати, односно името на победникот ќе бидат објавени на 19 декември.
Оваа номинација е малку ненадејна бидејќи британските медиуми често не беа наклонети кон Новак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…

Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…

Би-Би-Си: Маскирани мигранти тајно работат за грчката…

Полицијата во Грција регрутирала мигранти за насилно…

Трамп ќе ја тужи „Би-Би-Си“ , сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно…

Трамп се закани со тужба кон Би-би-си

Доналд Трамп испрати писмо до Би-би-си со…

НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…