Израел ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет
Израел денеска ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на официјално соопштение.
Советот за национална безбедност на Израел го објаснува предупредувањето со влошување на ситуацијата со антиизраелски протести. Нивото на опасност во Јордан и Египет го подигна на максимум, на четврти степен.
Вакво предупредување веќе и е дадено на Турција.
Нивото на опасност во Мароко е подигнато на трет степен, што значи дека на Израелците им се советува да не ја посетуваат земјата.
Двајца израелски туристи и нивниот локален водич беа убиени од полицаец во северниот египетски град Александрија на 8 октомври, еден ден откако палестинското исламистичко движење Хамас го нападна Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…