ИЗРАЕЛ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА ЈА НАПУШТАТ ТУРЦИЈА !
Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција што е можно поскоро заради нивна лична безбедност, изјавија од конзулатот на Израел во Истанбул, наведувајќи ги засилените „терористички закани“ за своите граѓани во странство, пренесува АФП.
Според тој извор, безбедносната тревога за израелските патници во Турција „е подигната на највисоко четврто ниво.
„Со оглед на постојаното зголемување на терористичките закани против Израел во странство, сите Израелци кои живеат во Турција мора да заминат што е можно поскоро“ – предупреди израелскиот Совет за национална безбедност во официјалното соопштение.
Во вторникот вечерта беа организирани протести пред израелскиот конзулат во Истанбул и пред амбасадата во Анкара, откако беше истрелана ракета врз болница во Појасот Газа, при што загинаа стотици цивили, пациенти и палестински раселени лица.
Израел и Палестинците меѓусебно се обвинуваат за ракетниот напад, кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и го припиша на еврејската држава. Ердоган го осуди „последниот пример на израелски напади лишени од секаква човештво“.
Американскиот претседател Џо Бајден, кој во средата го посети Израел, ја поддржа верзијата на израелските власти за настаните, обвинувајќи ги палестинските борци за ракетниот напад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…