Објавено на:

Израел го прогласи генералниот секретар на ОН, Гутереш за „персона нон грата“

t

Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац изјави дека на генралниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што тој смета, неговата антиизраелска пристрасност.

Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел.

„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, напиша тој на мрежата Икс.

Гутереш вчера го осуди „проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, со ескалација по ескалација“ и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се спомнува Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…

Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…

Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…

Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…