ИЗРАЕЛ ДА НЕ ПРЕЗЕМА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ВО ГАЗА! Русија повикува на итен прекин на огнот
Русија го предупреди Израел да не презема копнена офанзива против исламистичката група Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во својот коментар, објавен во руските државни медиуми, денеска истакна дека постои закана од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток со „страшни последици за целиот регион“ и уште поголема хуманитарна катастрофа.
Песков ова го кажа во Пекинг, каде претседателот Владимир Путин е во дводневна посета.
Кремљ соопшти дека Путин има намера на маргините на форумот „Појас и пат“, за ситуацијата на Блискиот Исток да разговара и со кинескиот партиски и државен лидер Си Џинпинг.
Путин вчера телефонски разговараше со неколку лидери од Блискиот Исток, меѓу кои и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Рускиот претседател повика на прекин на огнот за заштита на цивилното население.
Песков уште еднаш потврди дека се очекува Абас да ја посети Москва, иако не е утврден датумот на посетата.
Русија се залага за создавање независна палестинска држава, истовремено поддржувајќи ги безбедносните гаранции на Израел.
– Народот на Израел мора да живее во мир – нагласи Песков, но истакна дека најважна задача сега е да се стави крај на војната на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години години Охридски рамковен договор
Ohrid is Jazz…Jazz is Ohrid… 25 годишнината…
Три нови инвестиции оваа есен, најавува премиерот…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови…
За неполни 24 часа два земјотреси во…
Два земјотреси се регистрирани во Македонија во…
Сузбиена организирана криминална: Запленети околу 300 килограми…
По вчерашната голема меѓународна полициска акција во…
Зеленски: Украина го погоди рускиот ракетен и…
Украинската војска го погоди рускиот ракетен и…