ИЗРАЕЛ МОЛЧИ: Неофицијално негира дека има некаква врска со хеликоптерската несреќа
Израелските власти официјално се воздржаа од коментар за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси, но голем број официјални лица изјавија дека Израел не е вклучен во инцидентот, објави во неделата порталот „Ynet“, повикувајќи се на израелски официјални лица.
Како што пренесува порталот, високи израелски функционери неофицијално наведуваат дека „во Израел, но и на Запад веруваат“ дека иранскиот претседател „не ја преживеал“ хеликоптерската несреќа.
Неименувани израелски официјални лица, исто така, рекоа дека не очекуваат „последици за Израел“ или промени во политиката на Техеран кон еврејската држава поради инцидентот.
Според официјални лица, можните последици зависат од тоа кој ќе го замени Раиси како претседател на Исламската Република во случај на неговата смрт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…