Израел: Повеќе од 60 оперативци на ПФЛП уапсени на Западниот Брег и во Либан
Повеќе од 60 оперативци на организацијата Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) се уапсени за време на операции на Западниот Брег и во Либан, соопштија во заедничко соопштение израелската армија (ИДФ) и Шин Бет.
Меѓу уапсените на Западниот Брег била и Абла Садат, претседателка на Здружението на женски комитети на ПФЛП, како и сопругата на лидерот на ПФЛП, Ахмад Садат, кој е во израелски притвор од 2006 година, пишува Тајмс оф Израел. Уапсен е и активистот Тарир Бадран Габер од Рамала.
Израел го прогласи Здружението на женски комитети ПФЛП за терористичка организација.
ИДФ и Шин Бет соопштија дека се уапсени и клучни членови на ПФЛП од Западниот Брег, вклучително и оние кои раководеле со терористички активности, како и оние кои дејствувале на терен. Во соопштението се наведува дека се уапсени и студенти од Западниот Брег кои биле активни членови на групата ПФЛП на универзитетите.
Исто така, биле извршени рации и затворени се канцеларии и бизниси поврзани со ПФЛП, вклучително и печатница која произведувала пропагандни материјали за организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Две и пол години казна затвор наркодилерот…
Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна…
ХАКЕРИ ГО ПРОБИЈА ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ НА АМЕРИКАНСКОТО…
Хакери успеале да навлезат во Cloud One,…
Стан во Аеродром за млади по 950…
Младите брачни парови би можеле да купуваат…
ОЈО со детали за убиството кај Смилковско…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…