Објавено на:

Илон Маск ќе биде еден од водачите на нов проект за „иднината на војувањето“ на непознати терени и на Месечината

t

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера соопшти дека Илон Маск ќе биде еден од раководителите на владин проект посветен на проучување на иднината на војувањето, објави „Гардијан“.

Проектот, наречен „Меридијан“, претставува прво враќање на Маск во владината работа откако раководеше со таканаречениот „Оддел за владина ефикасност“(DOGE).

На Маск во проектот ќе му се придружат Палмер Лаки, извршен директор на одбранбената технолошка компанија „Андурил“, и Њут Гингрич, поранешен претседател на Претставничкиот дом на САД од редовите на Републиканската партија.

Американското Министерство за одбрана соопшти дека целта на проектот е да се утврдат „капацитетите потребни за постигнување апсолутна технолошка доминација на бојното поле на следната генерација“.

Проектот ќе трае 120 дена, по што ќе биде објавен некласифициран јавен извештај со препораки.

Новиот ангажман доаѓа по повторното приближување на Маск со администрацијата на Доналд Трамп, по нивниот јавен конфликт минатата година.

Министерството за одбрана наведува дека „Меридијан“ ќе го разгледува начинот на кој американската војска може да користи нови технологии и да спроведува воени операции на досега непроверени терени, вклучително и во подземни длабочини и на Месечината.

Маск и Лаки, сепак, не се независни набљудувачи кога станува збор за иднината на војувањето. Нивните компании имаат бројни договори со Министерството за одбрана, а „Андурил“ дел од својот бизнис го остварува преку владините набавки на воена технологија.

Компанијата ги промовира своите производи како најнови технолошки достигнувања во областа на војувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов бисер од Елон Маск за тоа…

Постои една стара изрека, рече Маск -…

Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…

Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…

Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…

Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…

Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…