ИМАЛ НАД 20 МИЛИОНИ ТУРИСТИ: Истанбул лани бил најпосетуван град на светот
Турскиот град Истанбул лани бил најпосетуван во светот. Во 2023, Истанбул примил дури 20,2 милиони посетители. Зад него, на листата на најпосетени дестинации се наоѓаат Лондон, Дубаи и Анталија.
Ова го покажуваат податоците на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор интернационал“.
Ли Добсон, основачот на веб-страницата за туризам „Травел сити“, рече дека Истанбул е „магнет“ за патниците и за туристите од целиот свет поради неговите богата култура, историја и географија, што го прават уникатен и фасцинантен.
„Сместен на два континента, Европа и Азија, Истанбул нуди неспоредлив спој на источните и западните традиции, видливи во неговите традиции, архитектура и секојдневен живот“, вели Добсон.
Турција лани беше една од најпосетените држави во светот. Најмногу туристи имаат европските земји. Франција често е на врвот како најпосетена држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…