Има можност да се врати дневната евтина тарифа, најави Бектеши

t

Mинистерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.

Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани.

-Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…