Индија заштеди 2,7 милијарди долари преку увоз на руска нафта

t

Индија е трет најголем увозник и потрошувач на нафта во светот, со околу една третина од вкупната вредност на нејзиниот увоз.

Годинава ја замени Европа како најголем купувач на руска сурова нафта испорачана по море, откако Западот воведе санкции кон Русија по влегувањето на руските трупи во Украина.

Пристапот до евтина руска нафта ѝ овозможи на Индија да го намали увозот од Блискиот Исток, каде што цените се зголемија откако Саудиска Арабија го намали снабдувањето заедно со другите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници за да го стабилизираат пазарот.

Во деветте месеци до септември, Индија увезла 69,06 милиони метрички тони руска нафта, што е еднакво на 1,85 милиони барели дневно, вклучувајќи ја и руската нафта увезена преку Јужна Кореја, Грција и Шпанија, покажуваат податоците на Министерството за трговија.

Во тој период, просечната цена на руската нафта испорачана до индиските рафинерии беше 525,60 долари за тон, вклучувајќи ги трошоците за испорака и осигурување, покажале пресметките на Ројтерс врз основа на податоците на министерството.

Просечната цена на ирачката нафта, која по квалитет е сличен на рускиот Урал, во истиот период изнесувала 564,46 долари за тон. Тоа значи дека Индија заштедила 2,7 милијарди долари со купување на руска нафта, покажале пресметките.

Така Русија стана нејзин најголем снабдувач на нафта, поместувајќи го Ирак на второто место. Саудиска Арабија паднала на третото место. Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, заштедила речиси 10 милијарди долари благодарение на рекордните набавки на нафта од земјите под западни санкции, вклучително и Русија.

За разлика од Кина, Индија не купува венецуелска и иранска нафта, потсетува Ројтерс. Со увоз на руска нафта, индиските рафинери ги намалуваат трошоците за суровините, што ги зголеми бруто-маржите на рафинирање и ја ублажи загубата на приходи поради субвенционираните малопродажни цени на горивата.

Рафинериите во државна сопственост не ги менуваат цените на пумпите повеќе од една година, помагајќи им на напорите на владата да ја заузда високата инфлација. Побарувачката за деривати годинава е зголемена за околу 14 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…