Инспекторатот изврши детален надзор во битолската болница каде почина новороденче

t

Како медицинските услуги биле испорачани, преглед на работата на матичниот гинеколог на мајката, како медицинските лица постапиле на Детската клиника – ДЗСИ го истражува слочајот со бебето кое почина 30 часа по раѓањето во болницата во Битола.

Случајот со родилката од Ресен привлече внимание откако таткото на бебето, Драгољуб Китоски, јавно изрази сомнежи дека смртта на бебето била последица на лекарска негрижа. Тој денес дал исказ во полиција по барање на обвинителството и најави дека планира средби со високи владини функционери за да ги изнесе своите грижи и барања за правда.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши детален надзор на патот на движење на родилката од Ресен чие бебе почина 30 часа по породувањето во болницата во Битола. Инспекторите прегледале како медицинските услуги биле испорачани во Битолската болница, како и на Детската клиника каде бебето било пренесено веќе без знаци на живот.Инспекцијата вклучува и преглед на работата на матичниот гинеколог на мајката. Резултатите од овој извештај ќе бидат јавно објавени откако ќе бидат комплетирани“ информираат од Министерството за здравство.

Болницата во Битола тврди дека преземено е сè што е во нивна моќ за да се помогне на бебето, иако мајката имала историја на неуредни бремености, што го оспорува нејзиниот матичен гинеколог. Вистината за случајот би требало да биде утврдена преку обдукција, чии резултати се исчекувани од страна на обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…

На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…

Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол…

15-годишник е лишен од слобода откако со…

Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација…

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно…

Поранешна директорка на Битолската болница го оштетила…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53)…