Интегра: Мицкоски се плаши од длабоката држава – Со референдумот ги мие рацете како Понтиј Пилат

t

Официјален став на ИНТЕГРА по повод ‘рашамонијадата’ од предлози за референдум околу нови Уставни измени:

1. Пост фестум референдумско изјаснување, независно дали е во форма на ‘дополнителен’ референдум е т.н. скриена политика или замајување на плебс. Модел кој е во основа ‘понтиј-пилатовски’ или миење раце од сторениот грев, а гревот е: премолчена согласност пред т.н. ‘длабока држава’ или благо кажано пред меѓународниот фактор, за процесот на приближување кон ЕУ под бугарски услови и терк.

2. Референдум, инициран од опозиција, а организиран, координиран и егзекутиран од власта е невозможна мисија за постигнување на генералната цел: прекин на процесот на преговори со ЕУ под условите на францускиот предлог и официјализираниот билатерален Протокол од страна на 27 земји членки на ЕУ.

3. Барање на алиби за премолчената согласност, пред ‘длабоката држава’ е трагичен и срамен обид на ДРПНЕ и Левица да ја манипулираат македонската јавност, особено патриотскиот татковински дел од неа.

4. Порака, поука и опомена од ИНТЕГРА и од Библијата:

‘Вашето ДА, да биде ДА, а вашето НЕ – НЕ. Се помеѓу е од ѓаволот.’

Евангелие според Матеј 5:37

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…

Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…

Се размислува за електронска наплата за патарините,…

Се размислува за воведување електронска наплата на…

Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…

Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…